Мексиканските нарко картели, едни од најјаките на светот, почнаа да криумчарат дрога на нов начин, со дронови.

Полицијата уапсила 25-годишен американски државјанин по име Хорхе Едвин Ривера на 1,83 километри од границата откако забележала дека неговиот дрон лета за време на викендот. Полицајците го заплениле дронот, но и шест килограми дрога со улична вредност од 46.000 долари.
Ривера користел професионален дрон за превоз на дрога меѓу Мексико и Сан Диего, а тоа е моделот DJI Matrice 600. Според спецификациите на компанијата DJI, овој дрон може да носи товар тежок 15,1 кг.
Властите тврдат дека дроновите до сега не биле популарна метода за криумчарење дрога, заради малата носивост, но со развојот на технологијата и прозиводство на поголеми дронови, тоа може да се промени.
DJI Matrice 600 чини 5.000 долари, а ги користат професионалните сниматели кои на нив монтираат поголеми камери.
Неодамна помал дрон беше користен за криумчарење марихуана, мобилни телефони и жилети во затворски двор во мичиген. Тоа е трет таков дрон кој полицијата го ткрила во последната година. Два се вратиле кај сопствениците и не можеле да бидат следени.