Иванов ја предлага професорката Иванка Додовска за член во Националиот совет за евроинтеграции

од desk2
69 прегледи

Универзитетската професорка Иванка Додовска, која постојано ги брани ставовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, е предлогот на претседателот на државата Ѓорге Иванов за член на Националниот совет за евроинтеграции.


Македонската академија на науките и уметностите за член во ова тело го предложила академик Луан Старова. Од Кабинетот на претседателот на Владата предлог е Бојан Маричиќ.

Предлог-одлуката за изменување на одлуката за именување претседател, потпретседател, членови и заменик-членови на Националниот совет за евроинтеграции е ставена како седма точка на дневен ред на собраниската седница закажана за 4 септември./Makfaks