Во светот ќе снема ванила

од desk2
76 прегледи

Сладоледот од ванила може да стане луксуз откако циклон ги уништи посевите со ванила на Maдагаскар.

Ванилата се користи во низа производи меѓу кои и сладоледот, а на Мадагаскар се произведува речиси половина од вкупната светска количина од овој зачин.

Циклонот, кој го уништи тропскиот остров Мадагаскар, доведе до раст на цената на мешунките од ванила, што загрози многу производители на сладолед.

Ванилата е еден од најпопуларните вкусови на светот. Меѓутоа, оваа непогода присили многу производители на салдолед да прекинат да служат од овој деликатес со ванила.