Ди Велт со одлични вести за Меркел – германската нација нема желба за промена!

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Еден месец пред изборите во Германија, Ангела Меркел и понатаму има најголеми шанси за победа, објави АФП

“Меркел или Меркел, зар тоа е единствениот избор на Германија?”, ги прашаа граѓаните во најпопуларното неделнот ток-шоу во Германија, откако анкетите и истражувањата покажаа дека демохристијаните имаат голема предност пред СПД.

Изданието Die Welt, цитирано од AFP пишува дека дури и по 12 години власт на канцеларката Меркел, германската нација нема желба за промена.
“Работите одат премногу добро за Германците за да развијат некое длабоко незадоволство од владата”, пишува весникот.

Експертите велат дека ветувањата на Мартин Шулц за повеќе еднаквост во приходите и инвестиции во образованието и инфраструктурата, не можат да влијаат на гласачите во момент во кој германската економија е стабилна, а невработеноста рекордно ниска.

Неодамнешните студии покажуваат дека ХДС и ХСС имаат поддршка од 38-40% од германските граѓани, додека социјалдемократите се само 22-25%.