Пет квартали по ред паѓаат цените на становите во главниот град, заклучок што го изнесува Централната банка која за периодот април – јуни 2017 година пресметала намалување од 3,9% кај индексот на цените на становите на годишна основа.

Во Кварталниот извештај се наведува можноста за стабилизирање на растот кај понудата на станови.
„Наспроти двоцифрените стапки на раст во изминатите две години, во првиот квартал од годината е регистриран мал раст на изградбата на станбени згради, а забавување на годишната динамика на раст се забележува и кај издадени одобренија за изградба на станбени згради“ наведуваат од Народната банка.
Во вториот квартал од 2017 година на страната на побарувачката НБРМ бележи солиден раст на станбените кредити.