ЛП: Злоупотреба на личните податоци во потпишувањето на иницијативата против мигранти

од desk2
79 прегледи

Либералната партија го осудува прибирањето на лични податоци како што се матичните броеви, адресите на живеење, како и други лични податоци на граѓаните кои се потпишуваат на иницијативата против мигрантите „Будење – НЕ за мигрантите во Аеродром“.

„Бидејќи со државните планови не се предвидени иницијативи и мерки што ќе овозможат прием на мигранти, очигледно е дека прибирањето на овие лични податоци на граѓаните се врши со друга намера т.е. со цел да ги користи изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ за да врши притисоци врз граѓаните за да гласаат за таа партија на октомвриските избори“, велат од ЛП.

Од таму ги повикуваат надлежните органи да ја спречат оваа активност, а против организаторите кои ја вршат оваа злоупотреба на личните податоци да преземат соодветни законски мерки.