Елон Маск го претстави новиот скафандер за SpaceX

од Vladimir Zorba
66 прегледи

Сопственикот на компанијата SpaceX Елон Маск ја објави првата фотографија на скафандер кој е развиен за идните летови на вселенскиот брод Dragon. Прва фотографија на скафандерот SpaceX гласи текстот под објавената во “Инстаграм” слика на Маск. На неа се гледа човек во осветлување на вселенски брод.

Маск нагласува дека скафандерот е вистински примерок, и вети наредните денови дека ќе даде повеќе детали. Тој посочи дека новиот скафандер ги поминал успешно вакуум искушенијата. “Беше комплицирано да се балансира меѓу изгледот и функционалноста”.

Маск не објасни какви ќе се функциите на новиот скафандер, но според ТВ каналот Си-Ен-Би-Си, тој нема да биде погоден за излегувања во отворен простор. За тоа сведочи фактот дека тој изгледа доста полесен од вселенските костуми кои ги користи НАСА за астронаутите, кои излегуваат надвор од МВС.