Пејачката Ријана одлучи да купи стан за 6,8 милиони долари. Луксузниот имот е во западен Холивуд и е со 6 спални и 10 бањи, а таа ја пропушти шансата да е сосед на Кендал Џенер, пишува Daily Mail.
29-годишната ѕвезда сепак успеа да направи добра зделка и да ги тргне околу 8 милиони долари од цената.
Првично имотот се продавал за 12 милиони долари. На имотот има и самостојна пространа дневна со дрвени засводена тавани, со камин и прозорци од подот до таванот, кои водат кон самостоен балкон.
Спа центарот располага со двокреветна соба, кабинети со мермер и плакари. Според брокерите Altman Brothers, кујната, која е сместена меѓу официјалната дневна соба и семејната соба има традиционални елементи и бразилски плочи, бар за појадок, како и таков за пијалаци.
Живеалиштето на Ријана е опремено и со фитнес сала, кино и паркинг за осум автомобили. Пустата опколена градина е со отворен спа центар и базен.
Видете го имотот на пејачката во галеријата.