Њујоршки пар се венчал во автобус

од Vladimir Zorba
61 прегледи

Жителите на Њујорк Кара Малинс и Освалд Хименез се венчаа во автобус. На церемонијата беа присутни 50 гости и случајни патници. Свадбата била пренесена во ТВ каналот NY1.

Причината да се венчаат на овој необичен начин е дека токму во автобус кој се движел по оваа линија двајцата се запознале пред 13 години.

Зетот признава дека романтичната идеја била негова, а невестата топло ја поддржала.