Во пресрет на 20-годишнината од смртта на принцезата Дијана, репортажи за настанот го исполнија менито на сите списанија, весници и телевизиски екрани не само во Велика Британија, но и во Европа.
Британскиот печат понуди специјални изданија, дополнувања и препораки со новински статии за нејзините живот и смрт и врската со кралското семејство.
Во меѓувреме популарноста на Чарлс, наследникот на британскиот трон, се намали како резултат на тоа внимание врз неговата поранешна сопруга и очигледно неуспешниот брак.
Во Европа многу медиумски групи се зафатија со документарни филмови, специјални извештаи или свои истраги, две децении по смртта на велшката принцеза во сообраќајна несреќа во Париз на 31 август 1997 година. Во Австрија јавниот радиодифузер ORF ќе емитува неколку документарни филмови оваа недела, вклучувајќи еден насловен “Diana – Forever and Ever” – ретроспектива на нејзиниот живот во Бакингемската палата.
На 31 август Радио “Виена” ќе ja посвети целата своја програма на принцезата. Тогаш во етерот ќе го слушаме австрискиот новинар Евалд Вурцингер, кој помогна за исправање на нејзин споменик во виенски парк во 2013 година.
Францускиот канал France 2 ќе ја одбележи тажната годишнина во недела со неколку документарни филмови. “Дваесет години подоцна е време да се погледне повторно кон она што таа ѝ го донесе на монархијата и да се потсетиме која беше навистина”, изјави еден од кралските експерти на каналот Стефан Берн.
Тој рече дека нејзината трагична судбина ја става меѓу најпопуларните личности, чии рани смртни случаи на пракса ги обесмртуваат – како американските актерки Грејс Кели или Мерилин Монро.
Матијас Гјортлер, управител на неделникот “Гала”, изјави дека списанието планира специјално издание во одговор на францускиот интерес кон британската принцеза. “Интересот за неа е поврзан со имиџот на бунтовник и на некој кој ги крши правилата во ригорозен и закостен свет”, рече тој.
Во Полска женското списание “Wysokie Obcasy” ја стави Дијана на првата страница на овој месец. “Ние ја прифаќаме годишнината многу сериозно. Полјаците се уште фасцинирани од неа”, вели главниот уредник Ева Вицорек. “Приказната за Дијана е модерна бајка, претворена во легенда.”