Таен тест спроведена од британската полиција, покажува дека терористите можат да навлезат во парламентот за помалку од пет минути.

Таен тест спроведена од британската полиција, покажува дека терористите можат да навлезат во парламентот за помалку од пет минути и да го одземат животот на над 100 пратеници, пишува денеска “Сандеј телеграф”. При симулирано напад среде ноќ, офицерите користеле брод за да си обезбедат пристап преку реката Темза. Потоа тие упаднале во просториите каде заседава Долниот дом.
Според полицијата, една таква маневар може да чини многу животи, ако се случи во реалноста.
Тестот е спроведен, додека пратениците биле на одмор.
Според силите на редот, станува збор за сериозни пропусти во безбедноста, кои би можеле да доведат до ужасни настани.