(ВИДЕО) Страшна снимка покажува апарати за мачење кои се користеле во затвор на “Исламска држава”

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Ирачката полиција откри затвор на “Исламска држава” (ИД) во Тал Афар, откако армијата успеа да го освои северниот ирачки град од џихадистичката група. Затворот е лоциран во населба во западниот дел на Тал Афар и на кадрите, распространети од властите, се гледаат лекови и аналгетици, за кои се смета дека борците на ИД се користеле.

Полицијата пронајде повеќе средства за мачења и апарати за електрични шок уреди, како и 18 тела. Ирачките сили соопштија дека ги контролираат сите 29 квартови на Тал Афар, но борбите продолжуваат во блискиот град Ал-Ајадија – последниот бастион на ИД во провинцијата Ниневија.

Во Ал-Ајадија минува единствениот пат по кој џихадисти, се извлекле од Тал Афар, можат да избегаат во соседна Сирија, каде групата се уште контролира големи територии.