Парен валјак ги уништи необјавените дела на Тери Прачет

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Покојниот автор на научнофантастични дела Тери Прачет оставил необична молба за судбината на необјавените дела – хард дискот, на кој тие се чуваат, да биде прегазен од парен валјак. Речиси три години по неговата смрт неговата последнa желба беше спроведенa. Писателот, познат по серијата романи “Светот на дискот”, ja изјавил желбата пред својот долгогодишен пријател Нил Гајман непосредно пред својата смрт, пишува британскиот весник “Телеграф”.

Во интервју во 2015 година Гајман изјави дека Прачет побарал “на што и да работи за време на својата смрт да биде извадено и заедно со компјутерите да биде поставено во средината на пат и парен валјак да премине врз него”.

Желбата на Пратчет беше исполнета минатата недела, кога управителот на неговото наследство Роб Вилкинс објави слика на уништениот хард диск во “Твитер”. Во него се содржеле десет незавршени романа, а крајот им бил сложен од ретро ролер марка “John Fowler & Co”, наречен Лорд Џерико.

Хард дискот ќе биде прикажан во рамките на изложба посветена на Пратчет и неговото творештво, наречена “Неговиот свет”, која ќе биде отворена на 16 септември во музејот “Салсбери”. Во неа ќе можат да се видат уште 40 оригинални илустрации на уметникот Пол Кирби и редица други лични предмети на авторот. Пратчет почина во март 2015 година, по долга битка со Алцхајмерова болест.