Во Вашингтон се појави статуа на стаорец кој личи на Доналд Трамп

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Голема гумени кукла на стаорец со надворешност која потсетува претседателот на САД, беше поставена вчера во градина во центарот на Вашингтон, во близина на Белата куќа. Околу фигурата се редеа туристи и минувачи кои си правеа слики со неа. Куклата, висока 4,5 метри е на њујоршкиот галерист Џон пост Ли.

“Сакав да направам нешто значајно”, вели Ли за  “Вашингтон пост”. “Се обидувам праведно да го предадам начинот на кој се држи овој човек”, вели Ли.

Куклата е поставема со дозвола на урбаната служба за паркови и ќе остане изложена во “Дјупон сркл” барем уште еден ден.

Претходно овој месец се појави голема гумена кокошка со фризурата на Трамп.