
СДСМ нема што повеќе да зборува за конструктивност на опозицијата бидејќи со нивниот игнорантски однос, неконструктивност и самобендисаност единствено што сакаат да спроведуваат во Собранието е самоволие, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во соопштението на СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ за сето ова време додека е опозиција покажа максимална вклученост и иницијативност и даде до знаење дека сака да работи за подобро на граѓаните, а не да води политика на теснопартиски интереси во Собранието. Смешно е кога СДСМ се обидува да ја објасни итноста и брзањето за поднесените закони кога имаа доволно време истите да ги поднесат и преку дебата по редовна постапка досега ќе беа донесени. Сега им се брза со трите поднесени закони во Собранието бидејќи се ближат локалните избори, а немаат изработено ништо и повторно се користат со манипулациите и тактиките кои се препознатливи за СДСМ додека ВМРО -ДПМНЕ поднесе низа на закони кои што доколку СДСМ имаше слух и дадеше поддршка за потребите на граѓаните досега ќе беа изгласани и донесени“, се вели во партиското соопштение.
Од партијата велат дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ откако се опозиција во Собранието на Република Македонија имаат поднесено низа на законски решенија кои што произлегуваат од реалните потреби на граѓаните, но дека пратениците на СДСМ не нашле сила и храброст да покаже конструктивност.