Најдобар начин да запомниш нешто што си научил штотуку е да заспиеш, открија германски научници, цитирани од АФП. Мозокот памти подобро кога спие, отколку кога е буден, пишуваат истражувачите од Универзитетот во градот Либек во списанието. “Nature Neuroscience”.

Спроведените експерименти покажуваат дека за време на спиењето мозокот се противи најдобро на сè што може да ги замагли или искриви неодамнешните спомени. Од претходните истражувања е познато дека краткорочната меморија се акумулира привремено во хипокампусот и не се фиксира веднаш. Реактивирање на овие спомени набргу откако се појавиле игра клучна улога за трансферот кон пределот на долгорочното чување – неокортекса. Во будна состојба овој период на реактивирање ја слабее меморијата. На пример, ако човек почне да учи втора поема, регистрирањето на првата во трајната меморија се отежнува, прецизира actualno.com. Научниците од Универзитетот на Либек направиле обиди со 24 доброволци кои требало да запомнат 15 пара карти нацртани со предмети од секојдневието и животни. По 40 минути половина учесници требало да запомнат уште толку карти, а другите – да поспијат и потоа да гиучат најновите мапи. Доброволците кои преспале се сеќаваат во просек 85 проценти од картичките а само 60 проценти за останатите. “Претпоставуваме дека причината за овој неочекуван резултат е дека уште во првите минути од спиењето започнува трансферот од хипокампусот кон неокортекса”, вели Сузане Декелман, шеф на истражувањето. Реактивирањето на меморијата е сосема различно во будна состојба и за време на спиењето, додава таа.