Рускиот претседател Владимр Путин не планира да го повика телефонски севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун, изјави денеска портпаролот на Кремљ Димитриј Песков.
Песков рече дека Путин разговарал за нукларната проба која ја спроведе Северна Кореја со кинескиот претседател Си Џинпинг и дека двајцата лидери изразиле голема загриженост околу безбедноста на Корејскиот полуостров, објави Ројтерс.
Путин исто така, ја повика меѓународната заедница да не се препушта на емоците и да постапи мирно и урамнотежено, пренесува ТАСС.
– Тој истакна дека целосно решение на нуклеарните и други проблеми со Корејскиот полустров може да биде постигнато само со политички и диполматски средства – рче Песков обраќајки им се на новинарите.
Песков додаде дека Путин разговарал телефонски и со јапонскиот премиер Шинsо Абе и дека двајцата ја осудиле пробата на Пјонгјанг.