Спикерката на државната телевизија на Северна Кореја, која е sвезда во својата земја, Ри Чун Хи, повторно на свој начин ја прочита веста дека успешно е тестирана хидрогенска бомба. Ри Чун Хи ужива посебна доверба на националниот лидер. Ким Џонг ун, а задолжена е за презентирање на најважните вести, како што е денешната за уште една нуклеарна проба.

Оваа телевизиска sвезда, која има околу 70 години, чита вести кога и да сака Северна Кореја да се пофали со своите најнови достигнувања или пак треба да се пренесе важно соопштение. Западните медиуми пишуваа за познатата спикерка и ја нарекоа “спикерка за нуклеарни проблеми, лансирање на ракети и предупрадувања за злото од западот”.
Нејзината кариера на севернокорејската телевизија трае повеќе од 40 години. Познато е дека сака розева боја, посебно корејска народна носија, но медимите приметија дека носела црно кога ја пренесе веста за смртта на севернокорејскиот лидер – основачот на Северна Кореја Ким Ил Сунг и неговиот син Ким Џонг Ил.
Британскито Би-Би-Си порано констатираше дека таа е “подраматична од другите спикери”, односно дека плаче, вика и држи долги монолози, но и дека зборува со “изричит тон во диктатоски стил” кога ги пренесува пораките на лидерот на Пјонгјанг.
Јужнокорејските медиуми известиле дека едно време била во пензија, но дека се вратила на националната телеизија за да “ентузијастички објави” дека Северна Кореја извршила проба на хидрогенска бомба. Во еден документарец Ри Чун Хи река дека сака да се повлече и да се посвети на обука на жените за спикерки.