Британија подготвена да ги интензивира преговорите со ЕУ

од desk2
78 прегледи

Веика Бротанија е подготвена за поинтензивни преговори за Брегзит со ЕУ, но тоа не е официјално договорено, изјави портпаролката на премиерката Тереза Меј.


По завршувањето на новата рунда преговори минатата недела, надлежните од Европската унија оценија дека изостанал напредок за она што било потребно за преговорите да се пренасочат од прашањето за заминување на прашањето за идниот однос меѓу Британија и остатокот од блокот, потсетува Ројтерс.

„Подготвени сем да ги интензивираме преговорите. Ништо не е официјално договорено, но тоа е нешто за што можеме да разговараме“, порача Тереза Меј.

Главниот преговарач на Европската комисија за процесот на излегување на Велика Британија од ЕУ, Мишел Барние, порано рече дека не е постигнат никаков официјален напредок во третата рунда преговори за Брегзит, а главен камен на сопнување е финансиското порамнување.
По звршувањето на најновата трета рунда преговори, Барние и неговиот британски колега Дејвид Дејвис, истакнаа дека ставовите и понатаму им се разидуваат, пократ тоа што истекува времето за постугнување спогодба .

„Оваа недела донесе корисни разјаснувања, но не остваривме никаков значаен напредок за клучните прашања“, изјави Барние на заедничката конференција за новинарите со Дејвис во Брисел.

Барние го критикуваше Лондон заради невозможните барања, како што е правото на глас на Лондон во прописите за единствен пазар на ЕУ, бидејќи ќе бидат надвор од тој апзар, пренесеува Ројтерс.
Позициите на ЕУ и Британија за Брегзит, како што наведе, се толку оддалечени што постои мала шанса Брисел да се согласи на почетокот на преговорите за идните односи со Лондон во октомври, како што беше првобитно планирано.