Германско издание: Лидерот на Северна Кореја ќе се крие во џиновски подземен свет

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Граѓаните на Северна Кореја се соочуваат со опасната можност за вооружен конфликти предизвикани од лидерот на Пјонгјанг.

Но Ким Јонг Ун има тајни планови, кои ќе му дозволат да избега во странство во случај на американско напад, пишува германското издание “Фокус”.

Ако Северна Кореја е нападната, нејзиниот лидер веднаш ќе исчезне под земја, велат извори на разузнавачките служби. Тајниот систем на тунели ќе му дозволат на севернокорејскиот диктатор да го напушти главниот град на Пјонгјанг и да избега во Кина за да издаде наредби за воена акција.

Поранешен висок функционер на режимот во Пјонгјанг изјавит пред неколку години за мрежата од тунели, изградена за бегствопе на Ким Џонг-ун, потсетуваат од редакцијата.

Не само тој, но и други избегани Севернокорејци објавија за гигантскиот свет под површината на земјата, кој вклучува систем од бункери, патишта, железници и приватен воз.

Тајниот свет под Пјонгјанг е изграден на повеќе од 300 метри под земја, изјави поранешниот секретар на Комунистичката корејска работничка партија. Системот за тунели го поврзува Пјонгјанг со стратешки важни локации во радиус од 40 до 50 км. Ова му овозможува на Ун брзо и незабележливо да го избегне Пјонгјанг пред градот да биде уништен од бомбашки напади.