Три месеци по породувањето Амал Клуни го направи својот прв официјален настап. Во Венеција таа изгледаше зачудувачки со пурпурна наметка на “Версаче” и елегантна фризура во класичен стил.
Таа придружува својот сопруг на венецијанскиот филмски фестивал, кој за прв пат се појави не во улога на актер, туку во онаа на режисер, пишува vesti.bg.
Џорџ Клуни го претстави филмот “Субурбикон”. Ова е шестата негова режисерска работа, но сега тој не игра во својот филм. Во него тој ги собра старите пријатели. Сценаристи се познатите браќа Коен, со кои Клуни неколкупати работел.
Главните улоги ги играат Мет Дејмон и Џулијан Мур, која игра две улоги: на парализирана жена на протагонистот и на нејзината сестра. Присуството во Венеција семејство Клуни го искомбинира со работа и со забава. Сопружниците излегоа на прошетка со новородените близнаци Александар и Елла.