Обвинителството за организиран криминал го испитува случајот со вработените во Владата

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски вели дека Обвинителството за организиран криминал го испитува случајот со вработените во Владата, кои со години не доаѓале на работа, а земале плата.

Сите се вработени за време на претходната Влада, повеќето, односно 500 од нив, се распоредени во институциите, а 60 се уште се вработени во Генералниот секретаријат на Владата. РАшковски го обвини својот претходник   генерален  секретар  на Влада, и вработените во Влада кои премолчувале и станале  дел од организиран криминал кои ги покривале сите  кои земале плата а не доаѓале на работа, а е спротивно на законот за работни односи.

Погледнете  што кажа Рашковски, вечерва во Топ тема на Телма.