Владејачката СДСМ како последен доказ за незаконското работење на кадрите на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, ја гледа кривичната пријава против блискиот соработник на Груевски, Миле Јанакиески, кој е првообвинет за нелегална продажба на државни станови.
„Со кривичната пријава против Јанакиески, пресудите против градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески и Александар Панов, како и кривичните пријави и обвиненија против Христијан Делев и Владимир Талевски, на површина испливуваат криминалите на соработниците на Груевски.
Овие предмети се мал доказ дека криминалното работење во ВМРО-ДПМНЕ било присутно на секое ниво. Затоа ВМРО-ДПМНЕ правеше секакви деструкции и блокади во Собранието за да ја спречи смената на нивниот заштитник Марко Зврлевски“, се вели во соопштението.
Од партијата велат дека залудни биле обидите на ВМРО-ДПМНЕ да го заштитат Зврлевски и со тоа да се спасат од одговорноста.