И научниците докажаа! Жената бара маж, а не обратно – така е уште од Бронзеното време

од desk3
83 прегледи

Научниците докажаа дека уште пред 4000 години, во текот на Бронзеното време, жените се упатувале на долг пат за да си бараат маж и да создадат семејство. А паралелно со тоа веста се разнесувала и до најоддалечените делови. Кога ќе посакаат да формираат семејство, жените се активираат. И ако не успеат да го откријатво нивна близина мажот од соништата, тие тргнуваат да го бараат подалеку. Истражувачите од неколку германски институти истражувале бројни скелети и стигнаа до заклучок дека во Бронзеното време младите жени на возраст од 17 години па нагоре често тргнувале на долги маршеви, за да најдат маж и да создадат семејство.

Резултатите од овие истражувања беа објавени од американската академија на науките PNAS. “По се изгледа дека во Бронзеното време жените биле исклучително мобилни”, објаснува Филип Шокхамер од Универзитетот “Лудвиг Максимилијан” во Минхен. И потсетува дека и претходните истражувања дошле до истиот заклучок. Сепак и до ден денес  е распространето верувањето  дека обично мажите се упатувале на далечен пат, додека жените  си останувале дома. Шокхамер, клј ераководите на истражувањето,  го тврди токму спротивното: “Кај мажите не најдовме докази за далечни патувања” За проучување овој заклучок е многу возбудлив. При тоа не само затоа што се покажа дека жените несвесно придонесуваат за освежувањето на генетскиот фонд. Шокхамер претпоставува дека жените пренесувале многу нови знаења и до најоддалечените делови.

Пример за обработката на метали. Оние 84 жени чии скелети научниците ги откриле во пустелија – баварско село, очигледно потекнуваат од тоа време – напреден  региони – најверојатно од територии во денешна источна Германија и Чешка. Шокхамер потсетува дека во оној период предметните региони биле многу напред во областа на металургијата. Растојанието од таму до најоддалеченото баварско село изнесува 500-600 километри кои жените очигледно го поминувале пеш.

Факти и хипотези

Но како научниците утврдиле од каде потекнуваат овие жени? Тајната е скриена во нивните катници. Во првите години од животот секој човек акумулира одредени количини стронциум во коските и во забите. Таму овој хемиски елемент се задржува милениуми по смртта на човекот, пишува Дарик. Токму врз основа на овој стронциум научниците можат да воспостават со што се хранеле и каде живееле предметните индивидуи.

И уште нешто: за време на неговото истражување научниците не открија скелети на потомството на оние жени кои пристигнале пред милениуми во Баварија. Шокхамер е сигурен дека тие имале деца. Но смета дека децата намерно биле испратени на друго место – за да се вклучат во други заедници и да го пренесуваат и понатаму познавањето.Засега тоа е само хипотеза, но Шокхамер е убеден дека скелетите ќе откријат уште возбудливи тајни.