Многу жени се загрижени како изгледаат за време на секс и тоа ги одвраќа да уживаат на самиот чин. Во главата постојано им се вртат мисл, дали целулитот им се гледа дали стомакот им виси во оваа поза, дали задникот им изгледа поголемо итн. Во главата на мажот се вртат сосема други мисли и тој забележува различни нешта кај партнерката.
Нејзината иницијатива.
Мажите не ги сакаат пасивните жени во сексот. Иако самите тие преферираат да доминираат, но доста им е возбудливо, кога ќе видат дека жената исто така има идеи и од време на време ја презема иницијативата. Ова им зборува дека таа ужива во сексот со нив.
Воздишките
Иако повеќето дами не стенкаат како професионални актерки, мажите сепак им ги следат воздишките што ги ориентира дали тие му испорачуваат задоволство на партнерот.
Увереноста
Сигурните жени се секси. Практично жените кои преземаат акција се уверени жени. Понекогаш е досадно и заморно мажот постојано да дава комплименти и да ја”подбутнува” жената да направи нешто.
Очите
Кога нејзините очи се затворени во комбинација со треперење на телото и воздишките, оргазмот е близу. Ако дамата го гледа партнерот со ококорени очи тоа е провокативна и пеколно возбудувачки за мажот.
Влакната
Не целулитот, туку влакната може да дејствуваат како убиец на страста. Особено ако не се одржува во интимната област. Има мажи кои паѓаат на бујна коса, но тие се многу малку и често го велат тоа сами однапред.
Дишењето
Забрзаното дишење често е важен сигнал дека дамата е блиску до оргазам.