
Непосредно пред парламентарните избори во Германија, Велика Британија изгледа се надева дека четвртиот мандат на канцеларката Ангела Меркел и можните бизнис ориентирани коалициски партнери ќе успејат да ги спасат преговорите за Брегзит во Брисел, пишува весникот Politico.
Подобра позиција за Велика Британија е логична, но таа го покажува и основното неразбирање на способностите и желбата на Берлин да инсистира за помек Брегзит.
За повеќето Германци, британскиот излез од блокот се уште е мистерија. Тие се прашуваат како ќе го напуштат клубот на демократските држави и што тоа ќе му овозможи на Обединетото Кралство “да ја врати контролата”.
Германските гласачи ги разгледуваат економските и политичките предизвици со кои се соочува Европа: безбедносните закани на релација американскиот претседател Доналд Трамп и шефот на државата на Русија Владимир Путин, ги покажуваат своите институции и вредности, а тие сакаат поголема соработка на Стариот континент, не помалку.
За Берлин Европската унија е клучен национален интерес и единственото трајно и ефикасно решение за политичка соработка. За Германија ништо не е поважно од единствениот пазар.
Во теорија, се разбира, европските нации можат да соработуваат заедно и без заеднички институции. Но, за Германија, историјата покажува дека во практика тоа не функционира толку лесно. И колку покомплексни се прашањата, толку е посилна потребата за заеднички институции и заеднички суверенитет