Околу 700.000 луѓе се евакуирани од североистокот на Куба додека ураганот Ирма се движи кон запад преку Карибите, соопштија кубанските власти.

Се очекува ураганот од петта категорија да помине меѓу островите Хиспанола, Хаити и Доминиканската република, како и островите Туркс и Каикос.
Кубанската Цивилна заштита издаде предупредување на ураган за сите источни покраини и централната територија Циего де Авила, и побара од локалните власти и цивилните групи да се подготват за супер бурата.
Повеќе од 10.000 туристи кои одмараа на островот веќе се евакуирани од куќите. Ирма ги напушти Карибите откако направи голема штета и разорувања, убивајќи најмалки 15 луѓе, оштетувајќи ги куќите и инфраструктурата во Антигва и Барбуда, Порто Рико, Ст. Мартин и северниот брег на Доминиканската република.
Невообичаено моќната бура е најсилна некогаш забележана над Атлантикот. Се очекува откако ќе го помине регионот на Куба ураганот Ирма да ја погоди американската сојузна држава Флорида, пренесува Синхуа.