Нкореан, руска фирма лиценцирана од севернокорејската влада, нуди организирани тури за групи до 10 лица или поединци кои сакаат да го запознаат животот во таа земја.
Оние кои ќе патуваат за Северна Кореја ќе мораат пред поаѓањето да ја поминат “проверката” и секогаш да бидат во друштво со водичот кој ќе го надгледува “однесувањето на туристот и ќе гарантира за неговата безбедност”. Фотографирањето на сратешките и војните објекти е забрането, а долготрајните разговори со локалните жители “не се препорачуваат”.
Соочена со економските проблеми кои се отежнати од санкциите, владата на Пјонгјанг сака да го развива туризмот за да заработи пари, пренесува Ројтерс. Најскапата 15-дневна турнеја “потполно заронување во културата на Северна Кореја” чини околу 1.600 евра вклучувајќи и посета на фарми, фабрика на минерална вода, будистички храм прошетки по планините и увид во националната кујна. Во понудата се и посети на бројните музеи на основачот Ким Ил Сунг. Останатите помали тури вклучуваат опуштање на плажа, авионско шоу, па дури и фестивал на пиво.
Не е сигурно колку овие патувања ќе бидат популарни меѓу Русите кои веќе развија склоност кон посетите на Европа и пристапните одмаралишта во Турција и Тајланд, пишува Ројтерс.