На белите карпи во Довер открена фосилизирана вселенска прашина

од desk2
130 прегледи

Научниците на бреговите на Довер, Велика Британија, составени од варовити карпи откриле фосилизирана вселенска прашина, која може да даде нови информации за раниот соларен систем.


Истражувачите велат дека ова ново откритие фрла нова светлина на она што се случувало многу подалеку од Земјата.
Според нив, оваа космичка прашина може да се употреби за следње на положбата на астероидите богати со вода, ако се утврди дека се богати со глина.покрај фактот дека на Земјата годишно паѓаат 20 до 30.000 тони космичка прашина, со оглед на нејзината големина тешко е да се најде.

Тимот на колеџот Имеријал, во Лодон, верува дека откритието на научниците ќе може да им помогне подобро да ги разберат случувањата од пред милиони години.

„Впечатливите бели карпи на Довер се важен извор на фосилизирани креации кои ни помагаат во одредување на промени и потреси низ кои поминале планетите пред многу милиони години. Тоа е многу возбудливо, затоа шѕо сега откривме дека фосилизираната вселенска прашина може да ни даде информации за тоа што се случило во нашиот Сонечв систем“, вели Мартин Сатл, главен автор и истражувач во колеџот Империјал.