Пратениците на Коалицијата „За подобра Македонија“ утре ќе поднесат предлог закон во Собранието на Република Македонија за зголемување на пензиите за 650 денари на околу 300.000 пензионери во државата, информираше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

„Доколку овој закон се усвои во Собранието до поддршка на уште само 10 пратеници покрај Коалицијата „За подобра Македонија“ тогаш од февруари идната година пензионерите ќе добијат 650 денари повеќе како што беше пракса додека ВМРО-ДПМНЕ раководеше со владата на Република Македонија“, рече Милошоски.
Тој ги повика пратениците од Социјал-демократскиот сојуз да не ги попречуваат пензионерите да го добијат она што стана како пракса во државата кое што покажа капацитет да ги зголемува пензиите за 5% до 2016 година.
„Коалицијата „За подобра Македонија“ има 51 пратеник и за да помине законот за зголемени пензии со 5% реално покачување потребни се уште 10 пратеници. Ги повикуваме, доволни се само пратениците кои што исто така се кандидати за градоначалници господинот Шилегов, господинот Стефан Богоев, господинот Бочварски, Бетиан Китев, господинот Зеќири Ибраими, Зијадин Села и уште неколку други да го поддржат овој закон и пред пензионерите во нивните општини и градови каде што се кандидираат да покажат реална способност и волја да се покачи стандардот на пензионерите“, додаде Милошоски.