(ФОТО) Фатен принцот Хари – во тренерки се шета низ Лондон

од Vladimir Zorba
98 прегледи

32-годишниот принц Хари е фатен од фотографите при излегување од спортска сала во главниот град Лондон. Принцот носеше тренерка, маица, брендирани патики во сина боја и шапка, објави “Дејли мејл”.

Сликите прават впечаток дека Хари се чини дека е видливо ослабнат. Принцот, заедно со неговиот брат Вилијам, учествува во кампања која ги поттикнува отворените разговори за менталното здравје и лошите навики на младата генерација.
“Ние повеќе треба да се зборувамее за менталното здравје на луѓето, да предизвикуваме дебати на оваа тема. Лесно е да ја ставите главата во песок, а не да се направи нешто. Може да направиме промена, кога сме заедно”, изјави Хари.