Цуклев: Пензионерите за СДСМ се само гласачка машина

од desk2
139 прегледи

На денешната седница СДСМ спречи пензиите за прв пат по 11 години да не бидат покачени, изјави Драган Цуклев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, при што побара објаснување од владеачкото мнозинство за ваквата одлука.

– Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во знак на револт одлучија да ја напуштат собраниската сала поради оваа одлука на СДСМ со која потврдија дека за нив пензионерите се само гласачка машина, рече Цуклев.

Според пратеникот од ДПМНЕ граѓаните на престојните локални избори ќе го казнат ваквото однесување на СДСМ.

– Покрај покачувањето на пензиите, СДСМ овде во Собранието спречи и поддршка за студентите, граѓаните на локалните избори ќе ја казнаат оваа власт за ваквиот однос, рече Цуклев.