Мајкл Китон: Римејкот на „Дамбо“ е физички убав

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Холивудската ѕвезда Мајкл Китон откри дека римејкот на “Дамбо”, на кој работи Тим Бартон, е различен од сè што режисерот правел досега. Според неговите зборови, филмот е “физички убав”.

66-годишниот актер ќе соработува со колеги како Колин Фарел, Дани Де Вито, Ева Грин, Нико Паркер и Финли Хобинс.

“Дамбо” е еден од класичните филмови на “Дизни”, кој раскажува за бебе слон и неговиот обид да ја докаже својата вредност, додека другите се потсмеваат на неговите големи уши.

Уште минатата година од “Дизни” најавија дека ќе создадат римејк, посветен на хит анимираниот филм од 1941 година за допадливиот и вечно позитивен летечки слон. Сценариото е доделено Ерон Кругер, кој стои зад “Трансформери” и “Браќа Грим”.

Се очекува производството да излезе во кината на 29-ти март 2019 година.