Овие професии се најбарани во областа на бизнисот

од desk3
76 прегледи

 

Во бизнис секторот секогаш се актуелни вработувањата, компаните, често имаат барем по едно отворено работно место во областа на бизнисот. Кои се тие луѓе кои го движат бизнисот?

Маркетинг аналитичар

Аналитичарите на пазарот ги проучуваат навиките на потрошувачите. Врз основа на запазување и анализа, тие ги советуваат компаниите по прашање на дизајнот, пакувањето на производот, брендирањето и начинот на продажба.  Побарувачката за оваа позиција е се поголема. Работата на аналитичарот е да ја препознае целната група на која нивниот клиент би требало да и се обраќа, да открие што на таа група и треба и колку е подготвена да плати за производот или услугата.   Позицијата на маркетинг менаџерот е истоврмено креативн и егзактна работа. Често се наоѓа на листата на најплатените професии.

Сметководител

Сметководителите во деловниот свет имаат висок степен на интегритет и професионална прецизност. За оваа профестија секогаш постојат голем број на слободни работни места. Една од предностите на оваа професија е тоа што е идеална за да се воспостави баланс меѓу работата и животот. Сметководителите одамна работат од дома па сами си ја креираат динамиката на животот.

Финансиски менаџер

Ова се менаџери кои се грижат за финансиите на мултимилионските бизиси и кои ги имаат во вид парите кои се влеваат и одлеваат низ многу канали. Финансискиот менаџер е лице кое е одговорно за парите, надгледување на целокупниот финансиски ситем на некои комнапии, преку проекција на буџетот па се до сметководството. Ова е силно стресна работа поради потребата да се обрне внимание на детали, но е многу профитабилен бидејќи во рацете на овие луѓе се финансиските средства на нивните компании, директорите и сопствениците на фирмите се трудат добро да ги плаќаат за работата која ја работат.

 

Експерт на човечки ресурси.

Колку повеќе позиции се отвораат толку се појавуваат и нови професии. Основната функција на овие менаџери е да во работата на команиите го вработат најквалитетниот можен кадар за моменталните или идните потреби на компанијата. Експертизата на менаџерот на човечки ресурски е да регрутираат вработени, нивниот развој, тренинзи и помош на вработените. Иако тоа денеска многу уште не го разбираат, но многу е важно во компанијата да се стави вистинската личност на вистинската позиција.

Ова е една од најплатените професии. Нивна предност е што не се бараат години на проучувње на теориските знаења. Воглавно потребни се практични знаења, вештини и познавање на трендовите на пазарот. Денес до нив се доаѓа воглавно низ пракса во компанијата или соодветни стручи обуки, посебно креирани за секоја професија.