(ВИДЕО) Немири на протестите во Париз против измените на законот за работа

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Париската полиција употреби солзавец за да го растури протестот против измените на законот за работа, откако демонстрантите почнаа да фрлаат камења на безбедносните сили.

Ширум Франција се одржуваат демонстрации против измените на законот кои ги планираа претседателот Еманиел Макрон.
Колона пешаци, сочинета од неколку десетици илјади лица околу 14 часот се упати од плоштадот Бастилја кон плоштадот Италија.

Прошетката мина во мирна атмосфера, но млади облечени во темна облека се судрија со полицијата ја следела колоната. Хулиганите палеле димни бомби и извикувале навредливи пароли, а полицијата одговорила со солзавец.

Генералната конфедерација за труд, еден од најголемите синдикати во Франција, ги повика своите членови на штрајк, а на улица се студентите и работниците од неколку области. Тоа е прв протест против предложените реформи.

Француската полиција на улиците на Париз распореди мобилни полициски единици.

Повеќе илјади синдикални активисти утринава протестираа во Марсеј, Арве и други француски градови./Мета