Мажите се изложени на поголем ризик да развијат дијабетес, ако сопругата им страда од дебелина, но во исто време жените кои живеат со мажи со прекумерна тежина, не се изложени на таков ризик, пишува брианското издание “Дејли Телеграф” (The Telegraph). Прва студија за ефектот на брачната дебелина по полов знак покажува дека сопружниците се со 21% поголема веројатност да развијат дијабетес од тип 2, главно бидејќи ги споделуваат лошата исхрана и лошите навики за физичката активност на нежната сопруга.
Сепак научниците зад истражувањето не можат да објаснат зошто спротивното не се добива на ист начин. Сега тие ги повикуваат мажите над 50 и повеќе години, кои живеат со дебели жени, да се проверат за болеста. Студијата презентирана на годишната средба на Европската асоцијација за истражување на дијабетесот, открива докази дека луѓето на возраст над 55 години, чиј партнер е дијабетичар се со поголема склоност на дебелината. Веќе е познато дека луѓето со прекумерна телесна тежина или семејна историја на дијабетес тип 2 се во многу поголем ризик да ја развијат болеста.