Медиумски набљудувачи при ОН и ОБСЕ дадоа остри изјави по повод одлуката на турскиот суд да ги остави новинарите и издавачите на опозицискиот весник “Џумхуријет” во затвор

Тие истакнаа дека слободата на говорот и изразувањето не е право кое може да се користи според желбите на властите и повторно побараа итно ослободување на затворените, како и за потребата од промена на ваквите политики. Синоќа судот кој заседава во затворот Силиври, одлучи да ја продолжи наметнатата мерка за слобода “притвор” за Акин Аталај, Мурат Сабунджу, Кадри Гурсел, Ахмет Сик и Емре Ипер. Итно и итно во Турција треба да биде вратена слободата на медиумите и
изразувањето, изјавија претставникот на ОБСЕ Харлем Дизаер и специјалниот известувач на ОН Дејвид Кеј.
Двајцата медиумски набљудувачи се категорични дека притисокот врз медиумите и слободата на говорот претставуваат огромна закана за новинарите и за новинарската професија во Турција.
Според нив новинарите зад решетки е во спротивност не само со принципите на демократијата, туку и со потпишаните меѓународни договори, за кои Анкара очигледно е слепа. Тие истакнаа дека постојано повикуваат случаите поднесени против новинари и издавачи на “Џумхуријет”, да паднат а приведените да бидат пуштени на слобода, потсетувајќи дека тие се таму повеќе од 5 месеци и чекаат обвинението во ќелиите. Дизаер и Кеј повикаа на итни законски и политички реформи, особено
во однос на слободата на медиумите и изразувањето. Лидерот на опозициската Републиканска народна партија Кемал Киличдароглу изјави пред ТВ FOX дека уште пред апсењата во редакциите на “Џумхуријет” и “Созџу” имало гласини за тоа, а кога го прашал премиерот Бинали Јилдирим има ли нешто точно, добил категорично негативен одговор .
“Можно ли е да се тврди дека кај 170 новинари во затвор во оваа земја има демократија? Овие луѓе се апсолутно невини!
Видете новинарот и писател Ахмет Сик – уште во времето на аферата “Ергенекон” напиша книга за Фетхуллах Гулен, но тиражот беше запленет , а тој оди во затвор. Сега повторно е зад решетки. Операциите против весникот одамна беа планирани “, посочи Киличдароглу. Од 7,5 до 43 години затвор има за секое од обвиненијата за новинарите кои со месеци
се во т.н.. притвор.