Два тајфуна и се приближуваат на Кина, евакуирани 200.000 луѓе

од desk2
90 прегледи

Повеќе од 200.000 луѓе се евакуирани од покраините Фујиан и Жејианг во Кина поради приближувањето на тајфунот Талим на југоисточниот брег.


Од покраинскиот метеоролошки завод во Фујан соопштено е дека Талим може да зајакне во суер-тајфун со ветрови посилни од 180-200 км/ч во следните два дена, пренесе Сингуа.
Од кинеската национална метеоролошка опсеравторија во средата рекоа дека Талим ќе замине или накај северозапад и во копното ќе удри меѓу четврток и петок, или северно кон водите на Жеијанг, па ќе сврти североисточно.
Во Фујиан повеќе од 120.000 луѓе се префрлени на сигурни места, 20.000 рибарски бродови се усидрени, а речиси 2.000 туристички локации и градилишта се затворени.
Во Жеијанг евакуирани се 9.000 луѓе, а 4.700 бродчиња се усидрени.
Во меѓувреме се предвидува тајфунот Доксури или да пројде покрај брегот на јужниот кинески остров и покраината Хаинан или да го погоди копното на крајбрежјето на таа покраина во четврток вечер.
Метеоролошката станица во Хианан во среда наутро издаде предупредување за тајфунот Доксури.

Слични содржини