Соопштение од Министерството за правда за уверенијата за казнена евиденција при поднесување кандидатски листи

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Од министерството за правда соопштуваат дека врз основа на искажаните тврдења за испратен допис од страна на Министерството за правда до Државната Изборна Комисија и претседателите на основните судови во врска со уверенијата за казнена евиденција при поднесување на кандидатските листи за претстојните локални избори, ве информираме дека Министерството нема доставено таков допис.

Единствено надлежно тело за спроведување на изборите е Државната Изборна Комисија, се вели во соопштението на министерството за правда.