Свадбениот букет на оваа невеста ќе ве насмее (ФОТОГРАФИИ)

од desk3
124 прегледи

Млада невеста од Австралија предизвика вистинско смеење  со свадбениот  букет. 23-годишната Пејџ Кирик одлучила да им сврти грб на традиционалните лилјани и рози и ги заменила со крофни.   “Со мојот сопруг Стивен мислевме дека кај нас работите треба да се различни – весели и безгрижни”, објаснува невестата за својот избор. Невообичаена букет е дело на австралиската компанија Sydney Dessert Boxes која претходно направила конкурс за да ја избере невестата, достојна да носи нестандардната творба. Од 250 мераклии, вработените на фирмата ја одбрале Пејџ. Ја избрале, зашто многу им се допаднал “нејзиниот безгрижен пристап кон свадбената церемонија”.  Среќната невеста признава дека букет едвај преживеал до крајот на свадбарскиот ден, бидејќи … не била многу гладна.