
Меѓу бездомниците во Англија се повеќе од 120.ооо деца, од кои повќето живеат во привремени сместувалишта, како што се хостели и различни свратилишта. Кириите, особено во приватниот сектор, во Англија пораснале речиси трипати повеќе во однос на заработувачката од 2010 година.
“Вистински национален скандал е дека се повеќе луѓе секоја година стануваат бездомници”, рече опозиционерскиот политичар Мех Хилијер, која претседава со парламентарниот Одбор за јавна потрошувачка.