Наместо 400, 300 денари за претстава во Драмскиот театар во Скопје

од desk3
104 прегледи

Драмскиот театар во Скопје ги намали цените на билетите за театарски претстави во новата театарска сезона, која официјално стартува на 15-ти овој месец со детската претстава „Снежана и седумте џуџиња“. 

Сашо Тасевски, новиот директор на Драмски театар, вели дека цената на билет за премиера од 400 денари е намалена на 300 денари, а за претставите што се на редовен репертоар се намалени од 300 на 200 денари. Цента на билетите за средношколци, пензионери и студенти од 150 денари останува непроменета. Цената на билетот за сите детски претсави што ќе се играат во Драмски ќе биде 150 денари.

Според Тасевски цената на билетите, се намалени бидејќи е економски неоправдано толку високи цени во услови кога голем дел од населението е со просечни и потпросечни примања.

„ Се водевме од логиката дека е подобро да се продадат 10.000 билети од 200 денари, отколку 1.000 билети од 300 денари. Луѓе кои се љубители на театарот, а се со просечни примња не можат да си дозволат да појдат во театар. Сметам дека со пониски цени на билетите повеќе граѓани ќе можат да си дозволат да ги задоволат своите културни потреби“, вели Тасевски.