Германците пијат помалку пиво

од desk3
63 прегледи

 Неколку дена пред почетокот на Октоберфест пазарната анализа покажа дека во првите шест месеци на 2017 година граѓаните на Германија испиле три милијарди литри пиво, или  36,5 литри по глава на жител, пишува весникот Der Spiegel.

Во споредба со првата половина на претходната година потрошувачката бележи пад од 1,3%, но за сметка на тоа вредноста на продажбата е зголемен за 0,4% до 3,6 милијарди евра. Германците трошат помалку пиво, но се среќни да потрошат повеќе пари – по 45 евра по глава на жител.
Експертите објаснуваат дека зголемувањата на прометот се должат на безалкохолните пива и радлерите. Ова покажува дека Германците се отворени кон новите идеи, дури и заради нив да се принудени да посегнатподлабоко во џебовите, појаснија специјалистите.