Фетаи: Не може да сте осудени за кражба, без да се наведе кој е предметот и кому му припаѓа

од desk2
114 прегледи

Специјалните јавни обвинителки Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска, по завршувањето на седниците во Врховниот суд, изјавија дека од двата приговори, поднесени до Врховниот суд, за замрзнувањето на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, и спогодбата на Звонко Костовски од УБК, за случајот Пуч, бил разгледан само вториот, додека за случајот Талир, во кој двапати бараа замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, поради технички причини е одложена за понеделник.

Обвинителката Фетаи, изјави дека во случајот со спогодбата на Звонко Костовски, не постои кривично дело шпионажа, за кое тој е осуден. Фетаи рече дека не може некој да биде осуден за кражба, а да не се биде наведен ниту кој е предметот, ниту на кому му припаѓа.

На новинарско прашање, за поднесените 17 обвиненија од СЈО, обвинителката Ристовска изјави дека до денеска немаат информација дали се прифатени./Макфакс