Министерството за надворешни работи на Турција предупреди на последиците од инсистирањето на Регионалната управа на северот на Ирак за одржување на референдум за независност.

Турција ја поздрави одлуката на парламентот на Ирак кој со мнозинство гласови на 12 септември го одби барањето на Регионалната курдска управа на северот на Ирак за одржување на референдум за независност на тој регион, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Цврсто ја поддржуваме одлуката на ирачкиот парламент донесена на 12 септември и ја гледаме како јасен израз на важност која и се припишува на политичкото заедништво и територијалната целовитост на Ирак“, се наведува во соопштението.
Се додава дека загрижувачки е тоа што лидерите на Регионалната курдска управа на северот на Ирак, покрај треупредувањата од Техеран и членовите на меѓународната заедница, инсистираат на референдум.
„Нагласуваме дека сигурно ќе има последици од инсистирањето на референдум, покрај сите пријателски препораки. Ја повикуваме Регионалата курдска самоуправа на северот на Ирак што побрзо да делува во согласност со здравиот разум и да отстапи од споменатиот погрешен пристап“, соопштено е од Минситерството.ж
Се додава дека Турција сака односите меѓу Багдад и Ербил да се водат на уставна и праведна подлога, и дека Турција е подготвена да направи се што е во нејзина моќ за да се олеснат односите меѓу централните власти и Регионалната курдска управа во основната територијална целовитост, политичкото заедништво и обостраната корист.
Претседателот на регионлната курдска управа Месут Барзани на почетокот на јуни најави дека на 25 септември во тој регион ќе биде одржан референдум за независност, што предизвика продлабочување на веќе постоечката длабока политичка криза во Ирак.