Во извештајот ќе бидат сумирани затворените 17 истраги сите со кодно име на буквата “Т”, и обвиненија над 70 лица.

Во рапортот на Специјалното јавно обвинителство се очекува да има и за тоа колку мерки што ги бараше Обвинителството за обвинети функционери, се одбиени од Основниот суд Скопје 1, и Апелацкониот суд Скопје, до каде е постапката со овие обвиненија, за соработката со државните инстиуции и министерствата кои ја попречуваа во истрагите или ја бојкотираа.
Овој извештај за сработеното во изминативе шест месеци денеска СЈО ќе го објави и во текот на денешниот ден треба да им го предаде на претседателот на Собранието Талат Џафери и до претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штериев.
Спикерот треба Извештајот за работата на СЈО да го стави на собраниска седница, на која Јанева треба да го презентира. Во март годинава, обвинителката Јанева немаше можност да одговара пред пратениците, поради политичката криза.
Извештајот од септември минатата година, стигна само во собраниската Комисија за политички систем, на која не успеа да биде усвоен поради долгите дискусии на членовите на Комисијата.
Извештајот не стигна на пленарна седница поради изборите што се одржаа на 11 декември.