Русија ги започна најголемите воени маневри по колапсот на Советскиот Сојуз

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Деновиве во Белоросија започнаа масивни воени вежби на руската и белоруската армија со кодно име „Запад“предвидени да траат една недела. Руски воени извори говорат дека на вежбите учествуваат 13,000 војници, што е максимумот замисија намеѓународни набљудувачи, но нервозата во Вашингтон, Брисел и Берлин се зголемува бидејќи довербата помеѓу сојузниците и Русија е падната на многу ниско ниво.

Поранешниот врховен генерал на НАТО алијанса, Филип Бридлов, изјави дека името на вежбата во комбинација со фактот потврден од некои извори за ангажман на над 100,000 војници, е загрижувачки за САД и сојузниците.

-Русија треба да изгради доверба и да избегне можни инциденти со тоа што ќе биде потренспарантна, изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.

Во време кога тензиите помеѓу Русија и алијансата можат да се окарактеризираат како нова Студена војна, симболизмот во дејствата на Москва е очигледен. На пример, поранешниот Варшавски пакт предводен од Советскиот Сојуз, редовно одржуваше воени вежби наречени „Запад“ за подготовка на војна со Западот, односно пробивање на линиите на одбрана на НАТО во тогашна Сојузна Република Германија и уништување на американската одбрана.

Поставена стратешки помеѓу три НАТО земји членки, Полска, Литванија и Латвија, Белорусија се смета за држава-изгнаник и непознаница за алијансата и за Европската Унија. Претседателот Александар Лукашенко, кој раководи со земјата повеќе од две децении, итро кокетира како со Брисел така и со Москва и користи секаква прилика да поентира. Лани Брисел ги симна ограничувањата за патувања во ЕУ воведени против белорускиофицијални лица откако Лукашенко ослободи повеќе опозициски активисти, но тој е зависен од Москва бидејќи добива ефтин руски гас и нафта.

– „Запад“може да послужи како Тројански коњ на Москва, со тоа што по завршувањето на маневрите дел од веоните единици и машинеријата стационирани во Вишневија, област што се граничи со балтичките земји, можат да останатна подолг рок, изразија загриженост официјални лица од НАТО.

Сценариото на маневрите ги копира дејствијата што беа вовед во руската анексија на Крим. Овојпат „малите зелени човечиња“, кои во 2014 се појавија во Украина, во пресрет на референдумот за отцепување на Крим, се сепаратисти на Вишневија подржани од балтичките земји и соузниците. Руските сили ја пресекуваат линијата на снабдување на милитантите од копно и море.

Лидерите на Балтичките земји се загрижени. За нив овие маневри се од офанзивна природа и покажуваат воена стратегија на нивна окупација од страна на руски специјални сили и отсечување од помошта на НАТО.

– Тековните маневри се од целосно одбранбена природа и не се насочени кон други држави, изјавија од руското министерство за одбрана.

Алијансата исто така одржа маневри летово во овој дел од Европа, што го вклучи и конвојот на американските трупи низ Романија, Бугарија и Македонија. Но тие маневри беа во многу помал обем со стационирање на  многу помал број на војска и машинерија.

Рускиот воен аналитичар Александар Голц изјави дека довербата помеѓу сојузиците и Русија е падната на „апсолутна нула“ и дека настојувањата на Москва да утврди своја пешадија, тенковски дивизии и ракетни системи на границата помеѓу Белорусија и балтичките земји, може да доведе до зголемување на тензиите и воена конфронтација со НАТО./БК