Напад на војници во Париз, со повикот „Алаху акбар“

од desk2
81 прегледи

Вооружен маж, замавнувал со нож и викал „Алаху Акбар“ нападнал француски војник кој патролирал пред метро станицата Шателет во Париз.


Нападот се случил рано утрово околу 6.30 часот, пренесуваат француските и британските медиуми. Се наведува дека напаѓачот му пришол од грб и го нападнал со повикот „Алаху акбар“. Војникот некако успеал да го совлада и почекал да дојде полицијата. Тој не е повреден.

Ова е последен во низата напади на безбедносните сили на Франција која патролираат на местата осетливи за терористички напади, наведува Дејли мејл и потсетува дека во неколку исламистички терористи во Франција до сега се убиени околу 230 луѓе.

Овој напад го потврди и министерот за одбрана на Франција.