Владата предводена од СДСМ преку Планот за економски раст сериозно се посветува на борбата против невработеноста, зголемување на просечната плата, зголемена поддршка кон домашните и странски инвестиции и зголемен извоз.

„Наместо тајното нетранспарентно трошење на парите на граѓаните за привлекување на странски инвестиции, Владата предводена од СДСМ отчено, одговорно и транспарентно работи на привлекување на странски инвестиции. Наместо потценувачкиот и понижувачки однос од страна на владите на ВМРО-ДПМНЕ кон домашните компании, преку владиниот план за економски раст домашните компании ќе можат да сметаат на сериозна државна поддршка за отворање на нови работни места, нови инвестиции и поддршка на извозот“, се вели во партисокот соопштение.
Појаснуваат дека ќе се поддржат новосоздадените работни места за кои платите ќе изнесуваат за 50 % повеќе од минималната плата, за секое новосоздадено работно место за кое ќе се исплаќа плата за 50 % повисока од минималната плата, десет отсто од нето од вредноста на платата ќе биде вратена кон инвеститорот.
Исто така, со пакетот мерки ќе се стимулираат и високоплатените кадри, односно компаниите кои ќе дадат плата повисока за два пати од просечната плата во Република Македонија, ќе бидат финансирани со 20% од исплатената плата.