Експлозијата во лондонското метро се води како терористички чин

од desk2
87 прегледи

Експлозијата што утрово се случи во лондонското метро на југозапаниот дел од градот е третирана како терористички чин, соопшти Скотланд јард, јави BBC.


Патници се повредени во експлозијата што се случи на станицата Parsons Green во 8.20 часот.
Според фотографиите се гледа бела канта во кеса од супермаркет, но поголема штета околу неа нема.
Осумнаесет луѓе се во болница, соопшти здравствениот сервис од Лондон.

Метрополитен полицијата вели дека е многу рано да се потврди што го предизвикало огнот во станицата, која е над земјата, а околу неа има кордон полиција.

Еден патник ја фотографирал направата, од која изгледа дека има жици кои се гледаат од кантата.
Премиерката Тереза Меј на твитер напиша : „Моите мисли се со повредените во Parsons Green и со итните служби кои одговорија храбро на овој терористички чин“.

Итен состанок е закажан за 13 часот на комитетот за итни состојби, Кобра.

Градоначалникот на Лондон Садик Кан, повика на смиреност, велејќи дека градот никогаш нема да престане да се бори против тероризмот.

Според сведоци најмалку еден патник има изгорено лице. Другите сведочат за паника, а патници бегале на сите страни.